Интернационално ИАЕСТЕ
ИАЕСТЕ (International Association for the Exchange of Students for Technical Experience)
претставува меѓународна организација чија цел е размена на студенти од технички
факултети. Своите почетоци ги бележи од 1948 година кога е основана по иницијатива
на Кралскиот колеџ од Лондон. ИАЕСТЕ претставува неполитичка, независна, невладина
организација која е во постојан контакт со агенции на ОН, како на пример UNESCO,
UNIDO, FAO, ILO и други.
ИАЕСТЕ е збир од национални комитети кои се задолжени за претставување на интересите
на студентите. Секој од овие национални комитети е одговорен за размената во својата
земја.
Секоја година на Годишната конференција, која оваа година се одржува во Македонија,
се собираат претставниците на националните секретаријати и комитети и се прави размена
на понудените пракси добиени од страна на институциите кои соработуваат со ИАЕСТЕ.
Пред секоја Конференција, секоја земја членка се труди да собере што е можно повеќе
понуди од работодавачи кои се спремни своето работно искуство од одредена област
да го пренесат на студентите со што би им помогнале во понатамошното академско образование.
Од секоја компанија се очекува да обезбеди средства со што би се покриле трошоците
за сместување и за другите потреби на секој од практикантите за време на престојот
во државата. Членките и институциите за соработка одбираат квалификувани студенти
чии податоци за познавањата во областа во која стидираат се испраќаат до компаниите
за одобрување. Понудите за пракса се разменуваат со други членки или институции
за соработка на принцип на реципроцитет.
Секој студент кој посетува настава на универзитет или технички институт може да
учествува во размената на ИАЕСТЕ.