Предлог за соработка

Ако го читате ова, веќе сте барем малку заинтересирани за соработка за остварување на Годишната Конференција 2012. Следниот текст е наменет да Ви објасни што Вие добивате ако решите да се вклучите во реализацијата на овој настан, што всушност овој настан значи за Вас.

За 300 учесници на конференцијата Вашето вклучување значи пристап до нови брендови, а за Вашата компанија тоа значи 87 нови потенцијални пазари за остварување. Тоа се 87 шанси да го промовирате Вашиот бренд на светско ниво. Исто така, Вашата компанија добива можност да ги промовира своите производи/услуги пред 300 луѓе, кои кога ќе се вратат во своите земји може да остварат контакт со Вас за понатамошна соработка. Понатаму, пред и за време на Конференцијата сите рекламни материјали со логото на Вашата компанија на нив ќе им бидат поделени на сите делегати, што е уште еден начин за интерно рекламирање во државата, како и поставување на вашето лого и информации за Вашата компанија на нашата официјална веб страна.

Покрај сите овие рекламни материјали, покрај информации за Вашата компанија во welcome-пакетите кои ќе бидат поделени за време на конференцијата, покрај банери и се останато, на конференцијата Вие би можеле директно да го промовирате Вашиот бренд на некоја вечера (по ваш избор) каде би биле присутни учесниците на конференцијата, што ви нуди екслузивитет пред сите и што е уште една можост за остварување контакт на светско ниво со потенцијални соработувачи. Информации за Вашата компанија исто така ќе бидат објавени на годишниот извештај на ИАЕСТЕ Македонија што го добиваат компаниите со кои сме имале претходна соработка во нашата држава со што се поттикнува соработка меѓу нашите компании.

Како дообјаснување за сето ова, Ве молиме разгледајте ја деталната споредба меѓу пакетите што ги имаме каде јасно се гледа разликата меѓу нив како и многуте придобивки што секој од нив носи.

Слободно разгледајте го предлогот за соработка, како и краткиот опис на Генералната Конференција:

Предлог за Соработка

Симнете го документот тука: Предлог за соработка

Proposal of Cooperation

Download the document here: Proposal of Cooperation

Опис на Генералната Конференција

Симнете го документот тука: Опис на Генералната Конференција