Кои сè придобивки ги имаме од овој настан?

Организирањето на Годишната Конференција носи оргомни бенефиции за нашата држава и овозможува нејзино презентирање пред многубројното ИАЕСТЕ членство и институциите со кои соработуваме.

Учесниците ќе имаат можност да научат повеќе за традицијата и културата во Македонија преку постконференциската прошетка и разгледување на најзначајните убавини на Македонија и знаменитостите во Скопје.

Конференцијата исто така ќе придонесе за зацврстување на врските и соработката на ИАЕСТЕ со студентите, универзитетите, фондациите, компаниите, институциите, образовниот сектор, владин и невладин сектор, промовирање на македонскиот идентитет и култура на делегати од 87 држави и општо промовирање на Македонија како земја отворена за соработки од било кој вид (размени, туризам, инвестиции итн.).