Резултатите од Надворешниот Конкурс се веќе објавени! За жал, за дел од праксите не аплицираше ниту еден студент! За тие пракси рокот се продолжува до петок (26.03.2010 година), приемен термин од 12 до 14 часот во канцеларијата на ИАЕСТЕ Македонија.
Им честитаме на студентите што добија можност да аплицираат на саканата пракса, за нив задолжително е да достават превод на сите документи најдоцна до петок (26.03.2010 година).
Погледнете ги резултатите и останатите пракси тука.
---
Дали сте студент? Или постдипломец? Дали сакате да ги проширите вашите хоризонти? Тогаш сте на вистинското место, во вистинско време.
Како и секоја година, така и оваа, ИАЕСТЕ Македонија објавува надворешен конкурс за платени стручни пракси во странство, на кој може да аплицираат сите редовни студенти кои ги исполнуваат критериумите и се на додипломски или магистерски студии на техничките факултети при универзитетите: „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, „Св. Климент Охридски“ - Битола, „Гоце Делчев“ - Штип и Универзитетот за информациони науки и технологии - Охрид.
Работа, искуство, пријатели од цел свет, забава... Звучи примамливо, нели?
Прочитајте повеќе тука.