Регионална Конференција EX 2010

Оваа година, од 21-25 Април, ИАЕСТЕ Македонија за втор пат ќе ја има честа да биде домаќин на регионалната конференција EX. EX е годишна средба на членовите на националните комитети од поранешните југословенски републики и обично подразбира многу патување и забава, но, се разбира, и споделување на искуства. Очекуваме многу ИАЕСТЕ членови од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Црна Гора да ни бидат гости на шестата EX конференција, EX 2010. Покрај прошетката низ Македонија и посетата на Скопје, Охрид, како и кањонот Матка, голем дел од конференцијата ќе биде посветен и на работните групи. Учесниците исто така ќе имаат можност да бидат дел и од дводневниот семинар за тренинг и мотивација на нови членови. Очекуваме дека EX 2010 ќе биде мотив и за понатамошна соработка помеѓу комитетите и дека сите ќе научат нешто едни од други. Одличната забава и новите пријателства се неизбежни :)

 

Подетални информации, формуларот за регистрација и програмата на конференцијата се тука.

Bookmark and Share