Семинар за Тренинг и Мотивација - Попова Шапка 2010

Конечно, после успешната кампања за нови членови во текот на изминатите месеци, ИАЕСТЕ Македонија е спремно да ги собере старите и новите членови на едно место. Семинарот за Тренинг и Мотивација (СТМ) е традиција за ИАЕСТЕ Македонија веќе долги години и секогаш се одржува во пролетниот период. Оваа година семинарот ќе се одржи на одлична локација, Попова Шапка, на 23-24 Април. Секој ИАЕСТЕ член кој еднаш присуствувал на овој семинар, одвај чека да го доживее прекрасното искуство што не чека таму. Два дена во природа, запознавајќи ја работата и мисијата на ИАЕСТЕ и учејќи да се биде дел од него – овој семинар се препорачува за секој нов член на ИАЕСТЕ (и секој кој планира да биде). Работни групи со поискусните ИАЕСТЕ членови, team-building игри, планирање на идните активности на ИАЕСТЕ и МНОГУ забава е она што треба да очекувате. Покрај другите прекрасни работи на овој семинар е и фактот што тој се поклопува со регионалната конференција ЕХ, што значи дека околу 50 ИАЕСТЕ членови од земјите од регионот ќе се придружат на дводневната забава.

Овде можете да прочитате повеќе за овој настан, како и да се пријавите за вашето прво ИАЕСТЕ доживување.

Bookmark and Share