Време е за Летна рецепција!

4 недели од официјалниот почеток на Летната рецепција, 10 практиканти досега.
Беше забавно, истоштувачки, ненаспано, фантастично!

Практикантите велат: „Скопје - уникатно поради целата историја што се испреплетува низ секојдневниот модерен начин на живот“
Почнавме со Баскерфест - интернационален уличен фестивал со изведба на перформанси. 25 музички и акробатски изведби. Национални танци, Скопско пиво, ИАЕСТЕ – биди дел од случувањето! ;)
Некој спомна Хавана ? Журкање, играње, рок бендови, ИАЕСТЕ- главни на подиум !
Премногу возбудени? Викенд во Крива Паланка го решава “проблемот“. Манастирот Св Јоаким Осоговски, истражување на Куклици, да се остане во допир со природата, момчиња што готват. ИАЕСТЕ- едноставно уживај!
Македонски студенти одат на пракса. Мора да се испратат со малку коктелчиња, добро расположение, шеги, многу слики. ИАЕСТЕ- тоа е начинот на кој функционираме!
Практикантите велат: „Понекогаш мислам дека ИАЕСТЕ студентите не сфаќаат дека ние всушност работиме овде. Кога треба да стануваш секое утро во 7:15, малку е тешко да остануваш до доцна секоја вечер. Но, не би сакал помалце активности во доцните часови, бидејќи, едноставно, забавни се!“ Се додека сте спремни да се будите на време, да одите на работа и да бидете ефикасни таму, ИАЕСТЕ - ја исполнува секоја секунда од вашето време!
Нов викенд. дестинација- Охрид. Град што те остава без зборови. 365 цркви. Преубаво езеро, иако повремено облачно и дождливо време. Импозатна градба на Св. Пантелемон и Канео. Стара чаршија и традиционалната архитектура.
Практикантите велат : „Охрид е повеќе од прекрасен. Можам да кажам слободно, најдобрите денови од мојот престој во Македонија“.
Моменти на професионално однесување. Креаирање на компјутерски модел за нова зграда. Запознавање со Македонските шуми. Работа на фармацевтски факултет каде се осеќаш како повеќе од обичен студент. Изгледа предизвикувачки. ИАЕСТЕ - ти нуди можности!
Спорт спорт спорт! Играње билјард и пинг понг , Светското првенство – не се пропушта ниту еден натпревар, качување на Водно – заморно, но возбудливо, седење и уживање покрај базен. ИАЕСТЕ - те одржува во форма!
Живописната природа на Матка, со чамче низ Треска, внатрешен поглед на Врело пештерата. ИАЕСТЕ - не пропуштај ништо!
„Здраво! Како си? Може ли да те бакнам? “ Зборови слушнати од странците. Интересно и допадливо.

Ги прашавме практикантите за нивниот генерален впечаток до сега:
„прекрасно .. ви благодарам многу на сите“
„огромно уживање“
„ги надмина очекувањата“

Македонија. ИАЕСТЕ. Летен период.
Навикни се на ритамот, стани зависен од него. :)

Bookmark and Share