Уште еднаш, ја продолжуваме традицијата - ноќта за паметење! Не ја
пропуштај можноста да бидеш дел од Интернационалната вечер, организирана од ИАЕСТЕ, која ќе се одржи во кампусот на
Машинскиот и Електротехничкиот факултет, на 23ти јули 2010. Почеток 21:00.
Почуствувај ја атмосферата, биди интернационален граѓанин! Искористи
ја можноста да пробаш повеќе од 15 типови
храна и повеќе од 15 типови на
пијалоци - специјалитети кои потекнуваат од повеќе од 15 држави од целиот свет.
Големо задоволство ни е што, освен странските практиканти и
Македонските студенти, кои го организираат овој настан, ќе бидеме
почестени и со присуството на неколку претставници на компании, со коишто
соработуваме. Медиумите се, како и секогаш, повеќе од добредојдени да ни се
придружат и да ја поддржат оваа специјална вечер.
Ова е отворена покана до сите оние кои сакаат да ги
вкусат, видат, слушнат и почуствуваат различностите во културите.
Се гледаме таму :)
-ИАЕСТЕ Македонија