EX 2010

Драги пријатели,

Голема чест и задоволство ни претставува да ве поканиме да присуствувате на овогодинешната ЕХ Регионална Конференција 2010.

ЕX Регионална конференција 2010 ќе се одржи од 21 до 25 Април во Република Македонија. Бројот на гости е ограничен на 50 учесници, со партиципација од 60 евра, по гостин. Во цената на партиципацијата е вклучено сместување, јадење и обиколки низ Скопје, посета и преноќување на Семинарот за тренинг и мотивација, превоз, посета и сместување во Охрид. Со цел да овозможиме подобар престој регистрацијата трае до 15 Април 2010.

Ова е уште една прилика за дружење, за стекнување нови пријателства, заедно да поминеме незаборавни моменти.

Дозволете ни да се претставиме во одлично светло како ваши домаќини.

Ве очекуваме!

Поздрав,
ИАЕСТЕ Македонија

Bookmark and Share