Кампања за обезбедување на пракси (Job Raising)

Job Raising кампањата е една од најважните активности кои што ИАЕСТЕ Македонија ги организира во текот на годината. Оваа кампања подразбира обезбедување на пракси во наши компании и институции за странски студенти од технички факултети.

За време на Гoдишната Конференција која се одржува во Јануари, собраните пракси се разменуваат со различни земји по принципот „една за една“. Поинаку кажано, колку пракси ќе успееме да обезбедиме во нашите компании за странски студенти, толку македонски студенти ќе имат можност да извршат стручна пракса во странство.

Во текот на јob raising членовите на ИАЕСТЕ Македонија остврауваат контакт со потенцијалните работодавци во нашата земја и ги информираат за начинот на кој нашата организација функционира. Доколку работодавецот се согласи да соработува со нас, се потпишува официјален договор за извршување на стучна пракса од страна на странски студент во текот на следната година. Договорот ги содржи сите потребни информации и детали за профилот на студентот, како и опис на праксата што би ја извршувал.

Просечниот број на обезбедени пракси во изминатите неколку години е 60. Општиот впечаток е дека интересот на работодавците да бидат дел од нашата разменска програма е постојано расте. Знаејќи дека овозможуваат на македонските студенти да стручно да се усовршат во странство, работодавците го прифаќаат нашето барање и се задоволни од соработката со нас. Се надеваме дека во наредните години бројот на заинтересираните работодавци ќе биде уште поголем, со што би се зголемил и бројот на македонски студенти кои ќе заминат на пракса некаде во странство.

Bookmark and Share