Кампања за нови членови

“IAESTE is HOT”, “IAESTE Party People”, “IAESTE’d” се само неколку фрази кои се дел од кампањата за нови членови.

Кампањата започнува во средината на месец март и опфаќа активна промоција на ИАЕСТЕ низ сите технички факултети. За таа цел, пред да започнат презентациите се дели промотивен материјал, преку кои студентите имаат можност да се информираат подетално, каде и кога се одржуваат истите.

Основна цел на кампањата е запознавање на студентите со основната идеја за IAESTE, што спаѓа во општиот дел. Потоа следуваат презентации од наши членови за Летна Рецепција од Македонија и за искуство од пракса во странство.

Главната мисија на оваа кампања е да ја приближи организацијата до студентите, кои се добредојдени да станат дел од ИАЕСТЕ Македонија.

Bookmark and Share