„ИАЕСТЕ е една од најорганизираните“

ИАЕСТЕ лого

Кнауф во Македонија секогаш градел добри односи со универзитетите и со студентските асоцијации кои работат во рамките на универзитетите. Еден таков добар пример е соработката на Кнауф Македонија со IAESTE (Меѓународна Асоцијација за размена на студенти за техничко искуство) која е една од најорганизираните форми на студентско здружување во Македонија чии членови се најдобрите и најактивните студенти од повеќе факултети на двата државни универзитети во Скопје и во Битола. Минатата година стручна пракса во Кнауф во Македонија изведуваше студентот од Швајцарија Оливие Брокар, а оваа година, во Август се очекува студент од Германија. Бидејќи ИАЕСТЕ функционира на база на реципроцитет, за бројот на примени странски студенти во Македонија, исто толку македонски студенти имаат можност да извршат стручна пракса во некоја од подобрите фирми од Европа и со себе да понесат драгоцени искуства кои ќе ги применуваат на своите идни работни места. Со овозможување на ваквите стручните пракси Кнауф го потврдува имиџот на современа интернационална компанија која мисли и им помага на идните генерации инженери, меѓу кои несомнено ќе има и потенцијални вредни идни вработени во нашата фирма.

Роберт Смилески, Кнауф

<< Назад

Bookmark and Share