ИСКУСТВА НА СТРАНСКИ СТУДЕНТИ

Пред да дојдам во Македонија, немав никаква претстава како ќе биде. Додека бев во авионот за Скопје, запознав еден дечко од Шветска, кој е имиргант од Македонија. Тој ми рече дека ќе доживеам културен шок кога ќе слетам во Македонија. Веднаш си замислив како би можело да биде, но никогаш немаше да прептоставам дека ќе доживеам толку убави работи и ќе запознаам толку добри луѓе. Многу сум среќен што ја избрав мојата пракса токму во Македонија, која ми донесе толку многу пријатели и моменти кои ќе ги паметам засекогаш.

Организацијата ИАЕСТЕ навистина се грижеше за мене, активностите што беа организирани направија времето многу брзо да помине (за жал), поради многуте интересни доживувања. Најмногу ми се допаднаа патувањата за време на викендите кои беа организирани низ Македонија. Фасциниран сум од сите убави места што ги посетивме во оваа мала прекрасна земја.

Праксата ми даде прекрасно практично искуство во мојата професија и одлична претстава за моето понатамошно вработување. Колегите од компаниите беа професионални и имаа пријателски однос кон мене. Се на се, едно прекрасно искуство што нема да го заборавам!

Јонатан Стромнер, Шветска

На мојата пракса во Македонија поминав скоро 8 недели во Скопје, каде што работев во јавна установа Македонски шуми. За време на мојот престој имав македонски часови организирани од членовие на ИАЕСТЕ Македонија, а дури имав и часови по макесонски танци. Беше навистина прекрасно... Многу забава, клубови, патувања... Јас сум многу благодарна на членовите на ИАЕСТЕ Македонија кои моето време во Македонија го направија незаборавно. Ве сакам!

Каролина Миноци, Бразил

Праксата во Македонија беше моето најимпресивно прво практично искуство до сега. Додека бев во Полска, пред да дојдам на праксата, не бев сигурен дали сакам да дојдам во Македонија, но сега би сакал да останам многу подолго и да поминам подолго време заедно со пријателите од Македонија и останатите практиканти што ги запознав од целиот свет.

Импресиониран сум од луѓето во ИАЕСТЕ Македонија поради нивната ангажираност да го организираат слободното време на практикантите. Секој ден беше организирана различна активност за врчерните часови, на пример караоке забава, посета на базен, возење велосипед, многу забава ... Се уште се сеќавам на шегите на Дарко (кои ги кажуваше во автобус) додека одевме Галичката свадба. Дарко е најдобриот организатор на викендот – Галичка свадба! Треба да напишам многу повеќе за луѓето што ги запознав тука, но немам време бидејќи морам да одам во барот Ван Гог, а потоа во Хавана до 4 изутрина.

Работев во телекомуникациската компанија Телесмарт. Многу научив за професионалните телекомуникациски мрежи. Вработените од компанијата беа премногу пријателски расположени и во секој момент ми помагаа и ме подучуваа за проектот на кој работев. Имав навистина прекрасно време додека бев на работнот место.

Се уште сум импресиониран од Македноја, македонскиот народ, лудите скопски ноќи, Хавана, забавите пред канцеларијата на ИАЕСТЕ, Матка, Охридското езеро, Солунска глава, и многу други добри работи. Се надевам повторно ќе ве видам сите!

Ајде поздрав, чао! Македонија!

Марцин Нас, Полска

„…Сакам да се заблагодарам на сите за ова незаборавно и прекрасно лето во Македонија. Благодарам за сите организирани патувања, забави, часови... Во Македонија пристигнав без никакви очекувања, но сега ја сакам оваа земја и сигурно повторно ќе ја посетам. Стекнав толку многу пријатели за толку кратко време! :D…“

Роми, Германија

„…Благодарам на сите за сите забави кои ги имавме и сите моменти што ги споделивме. Поради вас го имав најубавото лето досега! Можам само да кажам дека ќе се видиме повторно бидејќи ќе се вратам повторно. Македонија веќе е дел од моето срце!...“

Жизела, Шпанија

„Ова беше навистина посебно лето! Го почуствував тоа веднаш штом пристигнав, кога Александра ме пречека на автобуската станица и ме однесе во Гоце Делчев, легендарниот дом на кој ќе се сеќаваат сите практиканти. Подоцна вечерта ги сретнав моите добри пријатели Ади и Иле кои што нè однесоа мене и Конор во фантастичниот клуб Маракана каде што ги поминав моите најубави вечери!

Прекрасно си поминав до крајот на мојот престој во Македонија, посетив многу убави места заедно со многу добри пријатели, запознав фантастични луѓе, не само од Македонија туку и од целиот свет! Се разбира дека сите Македонци ќе имаат посебно место во моето срце бидејќи ги сметам за прекрасни луѓе, во многу нешта слични на латино народите и мене...“

Нуно, Португалија

„…Поминав навистина прекрасно лето во Македонија и им благодарам на сите ИАЕСТЕ членови кои направија мојот престој да биде како бајка. Имам многу убави спомени и сретнав голем број добри луѓе. На секој би му препорачал да оди на ИАЕСТЕ пракса бидејќи ти помага да сфатиш дека местото не е толку важно, како што прво мислев, туку важни се луѓето...“

Милош, Словачка

„…Заедно со сите вас запознав нов свет во Македонија, свет во кој летото трае вечно. Иако овде веќе пристигна врнежливата латвиска есен , летото сè уште ме придружува. Среќна сум што знам дека сите вие постоите таму некаде. Ми недостигате!...“

Илзе, Латвија

„…Би сакал да изразам голема благодарност до сите членови на ИАЕСТЕ Македонија кои мојот престој овде го претворија во прекрасно искуство. Навистина уживав во вашата прекрасна земја и се надевам еден ден дека ќе се вратам за да си најдам сопруга Македонка и пак да јадам бурек!…“

Џозеф, Ирска

Bookmark and Share