За ИАЕСТЕ Македонија
ИАЕСТЕ Македонија (Македонски Одбор за МЕЃУНАРОДНА РАЗМЕНА НА СТУДЕНТИ ОД ТЕХНИЧКИТЕ
ФАКУЛТЕТИ) е независна, непрофитна и неполитичка организација за размена
на студенти, која е полноправен член на Меѓународната организација
ИАЕСТЕ. ИАЕСТЕ Македонија им овозможува на студентите по наука, инженерство,
технологии и применети уметности, платени технички пракси во областа на нивните
студии.
Историја
Во 1952 гоВо 1952 година, универзитетот во Белград се приклучува во ИАЕСТЕ како 16та
придружна членка. Скоро потоа, отворени се локални комитети во Загреб, Љубљана и
Скопје. Од основањено на Локалниот комитет во Скопје до распадот на Југославија
сите административни работи биле извршувани во Белград а од Скопскиот
Универзитет Св„Кирил и Методиј“ околу 200 студенти се здобиле со можноста да
патуваат по светот и да извршуваат стручни пракси во големи и мали фирми со
посредство на ИАЕСТЕ програмата.
По распадот на Југославија, во јануари 1992, тогашните студенти од локалниот
комитет ИАЕСТЕ Македонија формираат здружение на граѓани со цел да продолжат да
ја спроведуваат ИАЕСТЕ програмата. Здружението добива име „Македонски одбор за
меѓународна размена на студенти од техничките факултети“ со седиште во Скопје на
Електротехнички и Машински факултет и се приклучува во ИАЕСТЕ како придружна
членка.на Генералната Конференција во Мексико, ИАЕСТЕ Македонија добива
статус на полноправна земја членка на ИАЕСТЕ. Оттогаш па до денес отворени 4 локалин
комитети: на универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на универзитетот „
Св. Климент Охридски“ во Битола, на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот
за Информациони Науки и Технологии во Охрид. Овие комитети од 1992 имаат испратено
преку 500 студенти на пракса во странство и имаат вклучено преку 100 Македонски
компании во разменската програма. Бројни наши професори, научници и деловни луѓе
се сеќаваат на праксите во странство преку ИАЕСТЕ.
Мрежа
ИАЕСТЕ Македонија има 4 локални комитети на четирите државни универзитети во Скопје
Битола, Штип и Охрид и ги вклучува студентите од следниве факултети:
Локален Комтет Скопје: Архитектонски, Градежен, Земјоделски, Машински, Природно-математички,
Технолошко-металуршки и Шумарски факултет, факултет за електротехника и информациски
технологии, факултет за Фармација и насоката е-Бизнис од Економски факултет при
Универзитетот Св „Кирил и Методиј“
Локален Комитет Битола: Технички факултет, факултет за Администрација и Менаџмент
на Информациски Системи и факултет за Биотехнички науки при Универзитетот„Св. Климент
Охридски“
Локален Комитет Штип: Земјоделски, Електротехнички, Машински и Технолошко-технички
факултет, Факултет за Информатика и Факултет за рударство, геологија и политехника
при Универзитетот „Гоце Делчев“
Локален Комитет Охрид: Факултетите за Компјутерска Наука и Инженерство; Комуникациски
Мрежи и Безбедност; Информациони Системи, Визуелизација, Мултимедија и Анимација;
Машинска Интелигенција и Роботика; и Информациона Теорија и Анализа при Универзитетот
за Информациони Науки и Технологии – Охрид.
Структура
Национално Собрание
Националното Собрание е највисок орган на ИАЕСТЕ Македонија и претставува Собир
на сите полноправни членови на ИАЕСТЕ Македонија. Се состанува по потреба, а најмалку
еднаш годишно во третата сабота од Декември.
Национален Одбор
Националниот Одбор е управен орган на ИАЕСТЕ Македонија, составен од 10 члена и
тоа: Национален Секретар, Претставник на ЛКС, Претставник на ЛКБ, Претставник на
ЛКШ, Претставник на ЛКО, Одговорен за финансии, одговорен за маркетинг, одговорен
за дојдовните студенти и одговорен за појдовните студенти.
Национален Секретар
Националниот секретар е избран од страна на Националното Собрание. Тој претставува
највисок орган на Националниот Одбор и исто така е претседател на Националното Собрание
и на Националниот Одбор. Тој го застапува здружението на национално и меѓународно
ниво и одговара за нејзиното правилно и законито работење.
Локален Комитет
Локалните Комитети делуваат независно но во согласност со правилата на Националниот
Одбор. Тие имаат своја структура и активности и најчесто служат како прв контакт
на студентите и работодавците со ИАЕСТЕ.
Клуб на ИАЕСТЕ пријатели (КИП)
КИП го сочинуваат почесните членови на ИАЕСТЕ Македонија, дипломирани студенти кои
обавувале пракса преку програмата на ИАЕСТЕ Македонија или кои учествувале во работата
на ИАЕСТЕ Македонија. Членовите на КИП се истовремено и членови на интернационалната
мрежа на ИАЕСТЕ алумни.
Годишен Извештај
Годишниот извештај на ИАЕСТЕ македонија може да го видите во електронска верзија
овде или да побарате печатена
верзија на macedonia@iaeste.org.
Статут и Правилник
ИАЕСТЕ Македонија е регистрирано здружение на граѓани во Централниот Регистар на
Македонија. Статутот за работа на здружението е достапен во електронска форма овде. Исто така достапнен за преглед
е и правилникот за работа на Локален Комитет Скопје.