Примете странски студент на пракса во Вашата компанија!
Со 60 годишно искуство во размена на студенти ИАЕСТЕ може да ви помогне да најдете
квалификуван и мотивиран практикант од преку 80 земји од светот за Вашата компанија.
Повеќе од 50 работодавци од Македонија ја користат оваа бесплатна програма. Поврзете
се и вие со утрешните светски лидери преку мрежата на ИАЕСТЕ.
Зошто да примите ИАЕСТЕ практикант?
Формирана 1948 година, под закрила на UNESCO, ИАЕСТЕ е меѓународна организација
присутна во повеќе од 80 земји во светот и има пристап до квалификувани и мотивирани
студенти од сите научни, инжинерски и технички сектори во преку 1000 универзитети
во светот. Повеќе од 330 000 студенти се стекнале со практично искуство во областа
на нивните студии во повеќе од 100 000 компании и универзитети од светот со помош
на нашата програма. Дозволете ни да најдеме практикант кој ќе допринесе во вашите
проекти.
Придобивки од прифаќање на ИАЕСТЕ практикант:
- Добивате одговорен и мотивиран студен одбран според вашите критериуми, потреби и
барања
- Едноставна и бесплатна процедура: ИАЕСТЕ се грижи за престојот на студентот во нашата
земја. Се што треба да направите е да го пополните формуларот за понуда на пракса.
- Вашите вработени имат можност да користат странски јазик и да се стекнат со интеркултурна
размена
- Интернационален дух, нови идеи и можности за остварување контакти и соработка со
странски компании и универзитети. ИАЕСТЕ практикантите се идни бизнис лидери со
кои еден ден можете да остварувате договори
- Стекнете имиџ на компанија која ги следи светските стандарди и им помага во усовршувањето
на идните млади експерти
Со секоја пракса што може да ја понудиме на странски практикант, еден Македонски
студент добива можност за пракса во странство. Овозможете им ја ИАЕТСЕ програмата
на македонските студенти!
Еден ИАЕСТЕ Практикант би можел:
- Да креира и развива IT решенија
- Да се вкучи во истражувачки и развојни проекти
- Да предлага дизајнерски идеи
- Да истражува нови странски пазари
- Да развива нови производи и процеси
Процедура
ИАЕСТЕ ви нуди лесна и бесплатна процедура за прием на странски практикант. Користејќи
ја мрежата од преку 80 интернационални парнери во исто толку земји од светот се
обидуваме да најдеме високо квалификуван студент според Вашите барања. Процедурата
е објаснета во чекори:
1. Се пополнува формуларот за понуда на пракса во кој детално се опишува описот
на праксата. Претпочитан рок за доставување на праксата е 31ви Декември.
2. Во јануари, ИАЕСТЕ Македонија ја разменува Вашата понуда со соодветен ИАЕСТЕ
партнер од светот притоа создавајќи реципрочна можност за македонски студент да
изврши пракса во странство.
3. ИАЕСТЕ избира кандидат за вашата пракса од повеќе апликации преку два филтри,
ИАЕСТЕ во земјата од која доаѓаат апликантите и нашата земја, со цел да се избере
соодветен кандидат.
4. Откако ќе потврдите прием на студентот, ИАЕСТЕ Македонија се грижи за целата
потребна документација и престој на студентот во Македонија вклучувајќи осигурување,
пречек, сместување и социјални активности.
Колку е подетален описот на праксата, толку е полесно да се најде соодветен кандидат.
Затоа ве молиме да обрнете внимание при пополнувањето. Доколку Ви е потребна помош
и повеќе информации Ве молиме контактирајте не на macedonia@iaeste.org .
Обврски на работодавачот
- Детално пополнување на формуларот за понуда на пракса
- Обезбедување услови за работа на практикантот кога тој ќе пристигне
- Месечен надомест кој му се исплаќа на студентот не помал од 3.250 денари неделно за покривање на неговите трошоци за престој
За повеќе информации посетете ја страницата за често поставувани прашања или контактирајте не на macedonia@iaeste.org.
ИАЕСТЕ Работодавачи
Секоја година преку 50 компании и Универзитети од Македонија се вклучени во програмата на ИАЕСТЕ. Ја цениме соработката со нашите соработници.
Листата на компании и институции кои биле работодавачи во 2009 година може да ја најдете на следниот линк.
Резервирана понуда
Резервирана понуда е пракса која не е вклучена во размената на ИАЕСТЕ туку е можност за Вашата компанија да прими странски студент кој вие директно веќе сте го одбрале а ние се грижиме за администрацијата. (повеќе информации наскоро)