Сакам да одам на стручна пракса во странство?

Од светот во Македонија и од Македонија во светот Патувања, пријатели, пракса, реномирани компании, над 84 држави членки на големето ИАЕСТЕ семејство, културна размена, смеење, забава, незборавни моменти... се само дел од работите што ИАЕСТЕ ги нуди на студентите.

Како да станам член?

Многу едноставно , активирај се! Со доаѓање на редовните информативни состаноци на ИАЕСТЕ си офицјално член на ИАЕСТЕ, секој понеделник во 20 часот во амфитеатарот на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии и Машински Факултет, секогаш ќе наидете на некои од љубезните членови кој се спремни да ви објаснат повеќе на состанок.

Кој може да се вклучи?

Член на ИАЕСТЕ може да стане секој редовен студент на следниве факултети при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“: Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии, Машински, Градежен, Архитектонски, Технолошко- Металуршки, Шумарски, Земјоделски, Природно-Математички, Рударско-Геолошки во рамките на Локален Комитет Скопје. Исто така членови можат да станат и студентите на техничкиот факултет на унивезитетот „Св. Климент Охридски“ во рамките на Локален Комитет Битола, студентите на интердисциплинарните студии организирани на тие факултети, како и студентите на техничките факултети на универзитетот “Гоце Делчев” во рамките на Локален Комитет Штип и Универзитетот за Информациони Науки и Технологии во Охрид во рамките на Локален Комитет Охрид.

Колку треба да платам?

Годишна чланарина од 500 денари е задолжителна за сите членови. Цената за административните трошоци за секоја пракса се дополнително определени со правилник.

Што треба да правам?

ИАЕСТЕ Македонија е целосно студентски водена организација без постојан извор на приходи за разлика од други комитети на ИАЕСТЕ низ светот. Според тоа членовите прават се тоа што е потребно да се најдат пракси во земјата, да се разменат, да се пречекаат странските студенти и да се работи на развој на организацијата, односно да се учествува во активностите во текот на целата година. На пример, некои од таквите активности се склучување на договори со наши фирми и институции за прием на странски студенти на платена стручна пракса, присуство на медиумите, компјутерска обработка и осмислување на маркетиншки материјал, одржување на веб страната, наоѓање на спонзорства, најефтина печатница, водење администрација, организирање на презентација за нови членови се до делење флаери, дизајнирање маици и да не заборавиме забава!

Bookmark and Share