Секоја година ИАЕСТЕ Македонија објавува надворешен конкурс за
стручни пракси во странство, на кој може да аплицираат сите редовни студенти
кои ги исполнуваат критериумите и се на додипломски или магистерски
студии на техничките факултети при универзитетите: „Св. Кирил и Методиј“
- Скопје, „Св. Климент Охридски“ - Битола, „Гоце Делчев“
- Штип и Универзитетот за информациони науки и технологии - Охрид.
Надворешниот конкурс официјално заврши! Иако 60-на студенти конкурираа
преку веб страната, дел од нив не ги доставија потребните документи во приемните
денови. Но, за некои од праксите не аплицираше ниту еден студент! За останатите
пракси се продолжува крајниот рок, а нив може да ги погледнете тука во PDF формат.
Рокот за апликација е 29.03.2011 (вторник), а приемен
ден за потребните документи е 30.03.2011 (среда) од 12 до 14 часот во Барака 5 при Факултетот за Електротехника
и Информациски Технологии и Машински Факултет Скопје, во канцеларијата на ИАЕСТЕ
Македонија (првата врата од лево).
Резултатите од првиот круг на Надворешниот Конкурс, може да ги погледнете тука (PDF).
Сите студенти обележани со зелено добиле право на праксата за која аплицирале и
задолжително треба да достават превод на документите на англиски јазик во приемниот
ден (среда, 30.03.2011, 12-14 часот) или во договор со одговорниот за испраќање
на документите - Александар Ниневски (моб. 070-703-589, e-mail: aleksandar.ninevski@iaeste.org).
Во ниту еден случај, студентот кој сака да конкурира на одредена пракса
не смее да ги контактира локалните комитети на ИАЕСТЕ кои ја објавиле ниту, пак,
работодавачот кој ја нуди праксата, се’ додека официјално не биде
испратена номинација преку ИАЕСТЕ Македонија и додека студентот не биде примен
на соодветната пракса.
За апликација потребни се следните документи:
- Мотивационо писмо за соодветната пракса (зошто сте ја одбрале таа пракса и зошто
сте вие погоден кандидат за неа)
- Кратка биографија (CV)
- индекс на увид за редовен студент
- Листа на положени предмети издадена од матичниот факултет
- Сертификат за англиски и други јазици доколку познавате
- Препораки и дипломи (доколку студентот ги има) кои дополнително ќе бидат земени
во предвид
Доколку има повеќе кандидати заинтересирани за една иста пракса ќе се изврши рангирање
според: постигнатиот успех на факултет, годината на студии, познавањето на јазици
и искуство во извршување на претходни пракси и активности во ИАЕСТЕ Македонија.
За членовите на ИАЕСТЕ Македонија, активностите во организацијата не надминуваат
10% од успехот на студиите (просекот). Рангирањето е транспарентно, а резултатите
од конкурсот ќе бидат објавени најкасно до 29.03.2011.
Поради тоа што ИАЕСТЕ Македонија мора да подмири одредени трошоци за секоја извршена
пракса кон интернационално ИАЕСТЕ, по објавувањето на резултатите од конкурсот,
оној студент кој ќе добие ексклузивно право на праксата за која се одлучил ќе мора
да уплати котизација за истата, и тоа за:
- Должина до 12 недели – 4000 ден. + 5% од севкупната плата за понудениот период
- Должина од 12 до 24 недели – 5000 ден. + 3% од севкупната плата за понудениот период
- Должина над 24 недели – 6000 ден. + 2% од севкупната плата за понудениот период
Во случај студентот да биде одбиен од страна на работодавачот, ИАЕСТЕ Македонија
задржува само 1200 денари за административни трошоци, а остатокот се враќа на студентот.
За сите прашања поврзани со праксите можете да се обратите на macedonia@iaeste.org