Аплицирај за пракса... веднаш!

ИАЕСТЕ Македонија во соработка со ИАЕСТЕ на интернационално ниво, секоја година преку порталот за интерна употреба (Intraweb) објавува пракси во странство на кои можат да аплицираат студенти од државните факултети во Македонија (Универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, „Св. Климент Охридски“ - Битола, „Гоце Делчев“ - Штип и Универзитетот за информациони науки и технологии - Охрид). Од оваа година, праксите можете да ги разгледате на нашата нова веб страница.

Во периодот од Октомври во тековната година до Февруари идната година И доколку на праксата е нагласено дека се бара пракса за возврат, на неа може да конкурираат само полноправни членови на ИАЕСТЕ, и тоа доколку има пракса во Македонија да се понуди во замена. Доколку на понудата не е нагласено дека се бара пракса за возврат, на неа може да аплицира било кој студент кој ги исполнува критериумите и е редовен студент на некој од веќе спомнатите Универзитети.

Бидејќи праксите се објавуваат за сите земји членки на ИАЕСТЕ, треба брзо да се реагира доколку сте заинтересирани за некоја од понудените пракси во моментот. Веднаш пополнете ја формата за апликација и испратете ја, а ИАЕСТЕ Македонија ќе провери дали праксата сеуште е достапна и ќе ве контактира со подетални информации.

Во ниту еден случај, студентот кој сака да конкурира на одредена пракса не смее да ги контактира локалните комитети на ИАЕСТЕ кои ја објавиле ниту, пак, работодавачот кој ја нуди праксата, се’ додека официјално не биде испратена номинација преку ИАЕСТЕ Македонија и додека студентот не биде примен на соодветната пракса.

Согласно со правилата и регулативите за меѓународната размена на студенти, секој студент при аплицирање на пракса (доколку таа е сеуште слободна), потребно е да ги приложи следните документи:

  1. Формулар за номинирање на студент (го обезбедува ИАЕСТЕ)
  2. Мотивационо писмо за соодветната пракса
  3. Кратка биографија (CV)
  4. Потврда за редовен студент издадена од матичниот факултет (преведена на англиски јазик)
  5. Листа на положени предмети издадена од матичниот факултет (преведена на англиски јазик)
  6. Сертификат за англиски јазик (или друг јазик доколку се бара во праксата)
  7. Препораки и дипломи (доколку студентот ги има)

Поради тоа што ИАЕСТЕ Македонија мора да подмири одредени трошоци за секоја извршена пракса, секој студент при конкурирање на некоја од понудените пракси треба да уплати котизација на сметка на ИАЕСТЕ Македонија, за пракси со:

  • Должина до 12 недели – 6000 ден. + 5% од севкупната плата за понудениот период
  • Должина од 12 до 24 недели – 9000 ден. + 3% од севкупната плата за понудениот период
  • Должина над 24 недели – 12000 ден. + 2% од севкупната плата за понудениот период

Во случај студентот да биде одбиен од страна на работодавачот, ИАЕСТЕ Македонија задржува само 1200 денари за административни трошоци, а остатокот се враќа на студентот.

За сите прашања поврзани со праксите можете да се обратите на macedonia@iaeste.org

Форма за аплицирање

















 

Bookmark and Share